Пиштол кременарка, сребрена которка

Инвентарен број: И/54 Датирање: средина на XVIII век Должина: 52 см Материјал: метал со сребрена луксузна гравура Рачна изработка Кубура на кремен, спаѓа во група огнострелно оружје. Има мазна цевка што во долниот дел е фасетирана со месингова алка богато украсена со стилизирани цветни мотиви. Во предниот дел е прицврстена арбија со вретенеста форма. Механизмот има надворешен табан. Дршката е благо свиена надолу и завршува со јајцевидна форма на која има едно издигнато копче. Дршката е изработена од сребро, декорирана е со лиени цветни мотиви во стил барок.

Пиштол кременарка, сребрена которка

Scroll to Top
Skip to content