Петнаесет години работа на Музејот на македонската борба за самостојност

НУ Музеј на македонската борба за самостојност одбележa 15 години од основањето во четврток, 3 септември, со почеток во 19:00 часот.

Пред присутните гости, меѓу кои и претставници на државни и културни институции, дипломатскиот кор, колеги и пријатели, се обратија в.д. директорката на музејот, Анче Илиевска, како и поранешните директори на музејот – д-р Бранислав Светозаревиќ, м-р Даниела Николова и Ана Китановиќ.

На свеченоста беа доделени благодарници на лица и институции кои во изминативе години ја помогнале и поддржале работата на музејот.

Гостите имаа можност да ја погледнат ретроспективната изложба на плакати од реализираните изложби, како и презентација на избрани печатени изданија и каталози од изминатите петнаесет години. Програмата беше збогатена со видеопрезентација со архивски материјали од досегашните активности, како осврт кон изложбената, издавачката и програмската дејност на музејот.

Модератор на настанот беше Ирена Спировска.

Scroll to Top