Отворен Меѓународниот симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“

Од 1 до 3 ноември, Музејот на македонската борба за самостојност е домаќин на 12. Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“ во организација на Институтот за национална историја на УКИМ, Универзитетот во Болоња и Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ од Скопје, под покровителство на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и Јустинијана Прима.

Во присуство на учесниците, гости, претставници од дипломатскиот кор, меѓу кои и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на свеченото отворање се обратија Анче Илиевска, в.д. директор на музејот и д-р Митко Б. Панов, претседател на Меѓународниот организациски и научен комитет. На тридневниот научен симпозиум научници од голем број европски земји и Македонија ќе дебатираат на годинашнава тема Византија: Комонвелт, мека моќ, празни зборови?

НУ Музеј на македонската борба за самостојност е долгогодишен поддржувач на Меѓународниот симпозиум за  византиски и средновековни студии „Денови на Јустинијан I“.

Scroll to Top