Музејот на македонската борба за самостојност беше домаќин на новогодишен базар што се одржа во четврток, 18 декември, од 11.30 до 15.30 часот.
Учесници на базарот беа нашите постојани соработници – Креативната работилница при Здружението Мобилност – Скопје, Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ и ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје, кои понудија уникатни ракотворби во пресрет на новогодишните и божикните празници.
Музејот изразува голема благодарност до сите посетители за поддршката, а приходите од базарот се наменети за поддршка на активностите на учесниците.
Фотографии: Фросина Ристовска
























