Мултимедијална конференција во организација на Украинската амбасада во Скопје

Во организација на Амбасадата на Украина, а во соработка со граѓанската организација ЦИВИЛ – Центар за слобода, во Музејот на македонската борба за самостојност на 26 февруари се одржа мултимедијална конференција насловeна „Украина – две години хероизам“.

На форумот се обратија претседателот Стево Пендаровски и амбасадорката на Украина Лариса Дир, како и дипломатските претставници на ЕУ, САД, Велика Британија, Шведска, Албанија, Чешка, Франција, Јапонија, Германија, Полска и на Литванија.

Во музејот беа поставени и две изложби. „Проект Украина: Доживување на војната“, електронска изложба со виртуелна реалност и изложбаta на фотографии, „Поштенска картичка од Украина“.

Scroll to Top
Skip to content