Изложба „Една од нас – Мајка Тереза“ во чест на Меѓународниот ден на жената

Изложбата “Една од нас – Мајка Тереза” е поставена во Музејот на македонската борба за самостојност во чест на 8 Март, Меѓународниот ден на жената.

Циклусот од 24 документарни паноа го портретира животниот пат на Мајка Тереза од нејзиното раѓање во Скопје, почетоците на мисијата во Ирска, мисионерската работа во Индија, па сѐ до нејзината канонизација.

Реализацијата на изложбата е резултат на соработката меѓу Музејот на македонската борба за самостојност и Спомен куќата на Мајка Тереза од Скопје, како прв настан по потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу двете институции.

Овој циклус е претставен повеќепати во нашата зeмја (Охрид, Крива Паланка, Велес, Гевгелија, Битола, Виница, Крушево), како и на меѓународно ниво во Бугарија, Полска, Словенија, Јапонија, Белгија, Романија, Франција и Италија.

Посетителите можат да ја видат изложбата од 8 до 31 март 2024.

 

 

Scroll to Top
Skip to content