Изложбата „Знајни и незнајни македонски херои“ од авторот Виктор Јаневски е отворена на понеделник, 8 јуни, во 18 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност.
Со пригодни обраќања присутните ги поздравија в.д. директорката Анче Илиевска и вишиот кустос м-р Данијела Трајкова-Крстиќ, како и авторот Виктор Јаневски.
Преку својот индивидуален артистички израз, Јаневски ја спојува богатата македонска историја со визуелната уметност. Публиката има можност да види околу триесет цртежи посветени на истакнати личности од 18 до 20 век, кои оставиле длабока трага во борбата за ослободување и создавање на македонската државност.









