Изложбата „Една од нас – Мајка Тереза“ продолжува до 15 април

Изложбата „Една од нас – Мајка Тереза“ на Спомен куќата Мајка Тереза ќе биде отворена за посетителите до 15 април.

Поставена во чест на Меѓународниот ден на жената 8 Март, изложбата го портретира животниот пат на Мајка Тереза од нејзиното раѓање во Скопје, почетоците на мисијата во Ирска, мисионерската работа во Индија, па сѐ до нејзината канонизација.

Реализацијата на изложбата е резултат на соработката меѓу Музејот на македонската борба за самостојност и Спомен куќата на Мајка Тереза од Скопје, како прв настан по потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу двете институции.

 

Scroll to Top
Skip to content