Завршена конзервацијата на дрвени предмети во постојаната поставка

Музејот го реализираше проектот „Превентивна заштита и итни конзерваторски мерки на дрвените предмети од постојаната музејска поставка“.

Во периодот од август до октомври се заштитија и конзервираа дрвените предмети лоцирани во одделението посветено на повоена  историја на Македонија. Проектот под водство на м-р Страхил Петровски, конзерватор- советник, вклучуваше стручна консултација со Ана Китановиќ, кустос за предметниот период  за утврдување на динамиката и начинот за реализација на работните задачи. Непосредната интервенција врз музејските материјали и предмети се изврши во соработка со надворешниот соработник Андреј Анастасов-Даскаловски, конзерватор за дрво. Во проектот беше вклучен и Драган Јовановски, соработник за восочни фигури.

Овој проект е поддржан од Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата на Министерството за култура и туризам за 2025 година.

Scroll to Top