Гостување на изложбата за Милка Ефтимова на Мајските оперски вечери

Нашата изложба посветена на оперската уметница Милка Ефтимова ќе биде дел од 52. издание на Мајските оперски вечери!
Изложбата „Оперска одисеја“ – наследството на Милка Ефтимова е резултат на соработката меѓу Музејот на македонската борба за самостојност и Националната опера и балет и ќе биде поставена од 9 до 31 мај.
Aвтор на изложбата е Василија Чали, соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура, а опфаќа донирани лични предмети од движно материјално и нематеријално културно наследство, награди, признанија, уметнички портрети и фотографии кои ја прикажуваат нејзината богата музичка кариера.

Scroll to Top
Skip to content