Годишна програма на Музејот на македонската борба

Музејот на македонската борба за самостојност ја донесе Годишната програма за работа во 2026 година. Музејот е поддржан во Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата на Министерството за култура и туризам во вкупен износ од 2.561.000 денари, а годинава за првпат националната установа ќе располага со делегиран буџет.

Приоритетните проектни активности опфаќаат проекти од областа на музејската дејност и заштита на нематеријалното културно наследство – конзервација и реставрација на музејски фонд од хартија, превентивни заштитни мерки на музејски материјал, технолошко осовременување на постојаната музејска поставка, истражувања, модернизација и дигитализација на постојаната поставка, како и проекти од областа на европските интеграции и изложбено претставување на музејот во македонскиот културен центар во Белград.

Целосната програма може да ја преземете на следниот линк (преземи документ).

Покрај програмските активности, музејот во текот на годината ќе понуди и вонпрограмски активности, со што дополнително ќе ја збогати својата културна понуда за публиката.

Scroll to Top