Бела ноќ во Музејот на македонската борба за самостојност

Музејот за македонската борба за самостојност беше дел од манифестацијата „Бела ноќ“ која ја слави културата и уметноста низ Скопје, во сабота, 5 октомври 2024.

Како дел од овој настан музејот подготви три времени изложби кои посетителите можат да ги посетат од 18 часот до 22 часот.

Изложбите „Арсениј Јовков за Македонија со пушка, перо и објектив“; „Анатомија на муралот – Илинден 1903 Борко Лазески“; и „И тие се херои“ – изложба за жените во македонската историја беа поставени во холот и на првиот кат во музејот.

Scroll to Top