Арбија

Инвентарен број: И/48 Должина: 40 см; должина на цевка: 37,5 см; должина на алка: 5 см Материјал: челик и месинг Арбијата е надворешен дел на пиштолите и на пушките на кремен. Најчесто е зацврстена на долниот дел на главната цевка на оружјето. Тоа е челична права цевка што во горниот дел завршува во дршка. Горниот дел на мазната челична цевка завршува со стилизиран месингов дел со вертикални издигнувања. На врвот на месинговата дршка има мазна топчеста формација околу која се наоѓа богато декорирана месингова алка. Алката се користи и за закачување. Арбијата како орудие претставува прибор што се користел за полнење барут во оружјето на кремен.

Арбија

Scroll to Top
Skip to content