Во музејската поставка се презентирани 109 восочни фигури и 16 уметнички слики-портрети на најпознати македонски дејци, револуционери и интелектуалци, 80 уметнички слики-масовни сцени на значајни настани од македонското револуционерно минато, макети, карти, оригинални предмети (документи, фотографии, весници, брошури, албуми и др.), оружје (сабји, кубури, бајонети, револвери, пушки, двогледи и др.) Музеј на македонската борба Скопје.

Дома

Работно време… up


                        ‹ ГАЛЕРИЈА НА ФОТОГРАФИИ                                             <ПОСЕТИ НА ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ>

Среќна сум што го видов овој музеј и секој Македонец треба да биде горд на својата историја и на ова сведоштво.–С.Несковска

Многу убаво смислено, изведено, изградено и презентирано за Македонската историја.–Фамилија Георгиевски - Прилеп

Музејов е прекрасен и многу убаво е претставена историјата на Македонија во тој период. Од тоа што го видовме тука сме презадоволни и има навистина што да се види. Големо БРАВО!!! И треба да се продолжи така,за да си ја запознаеме Македонија подобро.–Од група глуви лица- Полска

Навистина импозантно, одушевен сум. Господ го благословува секој народ со вакво минато.–Б.Калаузров

Браво за идејата, браво за вредните раце што ја оствариле, за ние денес да се восхитуваме. Благодарност до сите што ги дале своите животи, за ние денес да живееме во остварувањето на нивните и нашите денешни желби за самостојна и слободна Македонија .–Баба Беба со внуците Дарко и Кирил

Исклучително добра презентација во еден магичен простор и амбиент кој може само да го врати човека во историјата.–Росица Ќурчиева

Музејот е прекрасен, а водичот имаше широки познавања. Навистина соодветно обележје кое и на Македонците и на странските посетители им објаснува зошто овој народ заслужува земја која се вика Македонија. –Маја Трајкова

Членовите на П.К. „Љуботен“ од Тетово се премногу задоволни од поставката во Музејот. Излеговме од Музејот уште повеќе свесни за богатството на интелект и хероизам за сите претходни генерации. Подигањето на еден ваков Музеј за минатото на Македонија е продолжување на големите дела на минатите генерации и инспирација на идните.–Планинарски клуб „Љуботен“

Импресионирана сум од изградбата на Музејов, посебно од претставувањето на историјата и се срамам што сега ја сватив целата наша историја и историја за која многу малку сум знаела. Секоја чест на сите што учествувале во средувањето на се што е претставено пред македонскиот народ. –Р.Ангеловска

Експлозија од ЕМОЦИИ!Навистина ни требаше Музејот, ни укажува дека сегашноста не е нешто поразлична од минатото: херои и предавници! Мала забелешка, би сакала повеќе да се раскаже за поделувањето на мојата држава во 1919 година. –Емилија