Проект „ФОКУС“ (FOCUS-Fostering Of Capacities for Unique Senses experience for visitors) – Copy

Проектот „ФОКУС“ (FOCUS-Fostering Of Capacities for Unique Senses experience for visitors) презентира 10 предмети од постојаната музејска поставка со цел нејзино доближување до слабовидните и лицата со оштетен вид.

Проектот е поддржан од Балканска музејска мрежа (Balkan Museum Network) преку програмата за мали грантови и Хедли траст од Велика Британија.

На панели со димензии 100 см х 70 см претставени се тактилна слика и опис на предметот на Брајово писмо, фотографија и краток текст. За предметите изработени се видеа на знаковен јазик и аудио приказни со кои посетителите ќе имаат можност да слушнат и дознаат повеќе информации за предметите, без оглед на попреченоста.

Аудио и видео материјалите се достапни на нашата веб локација, на социјалните медиуми и на YouTube, како и галерискиот простор каде поврзувањето ќе биде овозможено со скенирање на QR код.

Реализација: д-р Ирена Ружин, раководител на проектот, м-р Јове Парговски – тактилни слики, Катерина Шаркоска – интерпретација на знаковен јазик, Андријана Шокларовска – текст на Брајово писмо, д-р Силвана Петрова Насух – наратор, Михаил Марковски – аудио и видео монтажа, Гимел студио, Александар Котевски Дримкаст студио, Студио Кочов.

Опис на предмети и стручни консултации: Даниела Николова, кустос-советник; Коле Киселиновски, документатор; Владимир Јаневски, етнолог; Фима Трајковска, кустос-советник, адаптација на текстови Ана Вишинова, едукатор.

Паласка

Везме

Витраж

Килим

Пиштол

Пушка 1

Scroll to Top
Skip to content