Билети и музејско водење

Image

Редовни билети

Билет за македонски државјани: 100 денари
Билет за странски државјани: 300 денари
Билет за организирани групи (македонски државјани): 50 денари
Билет за организирани групи (странски државјани): 120 денари

Повластени билети

Пензионери: 50 денари
Лица со возраст до 27 години: 50 денари
Лица кои до 18 години имале статус на деца без родители: 50 денари
Студенти од странство носители на картичка ISIC: 60% попуст
АМСМ клуб картичка: 50% попуст
Во цената на билетите е вклучена и стручната презентација на музејската поставка со водич.

Групна посета
Секоја група која брои 10 или повеќе лица со претходно закажување на нашите телефони има можност за купување групни билети за посета на музејот.

Посетата на организирани групи, студенти и ученици, може да се закаже на следните телефони:
075 348 741
02 3 256 668 
контакт лице: Влатко Трајковски

Бесплатен влез:

СИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ: СЕКОЈА ПРВА САБОТА ВО МЕСЕЦОТ (согласно Одлуката на УО бр.02-432/4 од 21.9.2020) 

Студенти (индивидуална посета за македонски државјани): секој четврток

Средношколци (индивидуална посета за македонски државјани): секоја среда

Деца без родители до 18 години (македонски државјани): секој ден

Лица од социјално ранливи категории (македонски државјани): секој ден

Потребни документи за идентификација за повластените и бесплатните билети:

За студенти индекс или студентска легитимација
За пензионери лична карта
За лица од ранливи категории потврда од надлежен социјален центар.

Музејска посета
Посетата на музејот може да биде самостојна или со помош на водич. За индивидуална посета на музејот на располагање се текстови за секое музејско одделение и легенди за изложените предмети. Следете ги белите стрелки низ поставката за полесна координација низ изложбените сали. Во делови од музејската поставка постојат места за одмор.

Стручната презентација на музејската поставка може да биде реализирана и со музејски водичи со тура низ галерискиот дел која трае од 45 до 60 минути. 

Аудио водич

За индивидуално искуство во посетата на музејската поставка на располагање се уреди за аудио водење на македонски јазик  и на француски јазик со инклузивниот водич Минато на дланка. Преку 13 опишани тактилни предмети поврзани со претставените историски периоди, водичот нуди нов начин на доживување на постојаната поставка за музејските посетители.

Услови за користење на содржината

Со пристапот на оваа веб страна ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата mmb.org.mk.

Од посетителите се очекува редовно да ги читаат правилата на користење, за на тој начин во секој време да бидат запознаени со овие услови за користење и во целост да ги разбираат и прифаќаат.

Ниеден дел од содржината на mmb.org.mk не може да се користи за нелегални активности или промовирање на истите.