Пиштол со механизам на навивање

Пиштол со механизам на навивање

Инвентарен број: И/2 Датирање: втора половина на XVII век Должина: 56,5 см; ширина: 10 см Материјал: челик Занаетчиска изработка Деловите, цевката и механизмот од преднополнечкиот коњанички пиштол од типот ,,Lützen“ се значително кородирани. Видлива е цевката на оружјето што пред кородирањето била надворешно октогонално фасетирана по целата должина од 56,5 см. Механизмот на овој тип пиштоли во литературата најчесто се нарекува ,,механизам со колце“, а поретко ,,механизам на навивање“, термин што укажува на принципот на кој работи сложениот склоп што личи на часовник.

Date

04 Март 2023

Tags

Оружје

Услови за користење на содржината

Со пристапот на оваа веб страна ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата mmb.org.mk.

Од посетителите се очекува редовно да ги читаат правилата на користење, за на тој начин во секој време да бидат запознаени со овие услови за користење и во целост да ги разбираат и прифаќаат.

Ниеден дел од содржината на mmb.org.mk не може да се користи за нелегални активности или промовирање на истите.