
Волнен килим
Инвентарен број: Е/476 Датирање: почеток на XX век Материјал/техника: ткаен на широк хоризонтален разбој Димензии: должина 395 см; ширина 342 см Пиротски килим од една дипла. Широко геометризираното поле на килимот е украсено со ситна орнаментика и најзастапена е формата ромб. Во централниот дел симетрично е вткаена ромбоидна орнаментика со вегетациски елементи што личат на ситни цветчиња распоредени на гранка. Внатрешниот дел е исполнет со два ромбоидни орнамента, поголем и помал, кои го потенцираат центарот на килимот. На четирите агли на килимот има помали ромбоидни орнаменти украсени со флорална орнаментика. Надворешната страна на ромбовите кон аглите е украсена со мали квадратчиња што се нижат едноподруго и личат на оро. На краевите на килимот, преку целата должина и широчина, е поставена рамка - чембер, а внатрешниот дел е збогатен со флорална орнаментика. На двата краја, по широчина, килимот е украсен со густи реси.