
Ибрик
Инвентарен број: Е/115 Датирање: XX век Димензии: пречник: 11 см; обем: 50 см; висина: 26 см; отвор: 6 см Материјал: месинг Машинска изработка Ибрикот стои на тркалезна ,,нога“ со мешеста форма што нагоре се стеснува во врат на кој има еден релјефен круг од каде што продолжува благо проширување нагоре во грло. На едната страна на најширокиот мешест дел е ставена рачка, а на другата страна има емзик ,,цицалка“, дел од кој истекува течноста од ибрикот. Отворот на грлото има кружна форма.