РОВОВСКА УМЕТНОСТ

Секој предмет раскажува приказна, а меѓу најмоќните се оние поврзани со војната. Потребата да се триумфира пред тешкотиите создавајќи уметност не како луксуз, туку како суштина за опстанок на војниците и на воените заробеници им даде поттик за создавање персонализирани спомени за себе и за најблиските, како опипливи докази дека сѐ уште се живи. За локалното население, пак, тоа значеше начин на заработка за живот. Изобилството од овие предмети создадени во Првата светска војна и во годините веднаш потоа го наметнаа терминот „рововска уметност“. Со текот на времето терминот стана генерализиран и се однесува на уметноста создадена од убојни средства или воена опрема од која било ера. Како пример на материјалната култура поврзана со војната, предметите на рововската уметност станаа своевидни тродимензионални гласови од боиштата - некнижевен, рачно изработен запис за она што нивните автори го гледаа, доживуваа и чувствуваа.

*Чаура од граната во форма на вазна со натпис Monastir 1917-1918 (Подарок од Александар Трпенов)

*Ноже за отворање писма (Подарок од Александар Трпенов)

Услови за користење на содржината

Со пристапот на оваа веб страна ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата mmb.org.mk.

Од посетителите се очекува редовно да ги читаат правилата на користење, за на тој начин во секој време да бидат запознаени со овие услови за користење и во целост да ги разбираат и прифаќаат.

Ниеден дел од содржината на mmb.org.mk не може да се користи за нелегални активности или промовирање на истите.