МАКЕДОНСКИ ФРОНТ 1915 – 1918

Македонскиот фронт во балканската и во светската историографија е именуван и како: Солунски фронт, Фронт на Ориентот, Балкански, Јужен или Заборавен фронт. Сѐ започналo во октомври 1915 година со концентрација на силите на Антантата во градот Солун, а од декември 1915 година и со воени формации на Централните сили. Главната линија на фронтот се протегала од Охридското Езеро до Орфанскиот Залив на Егејското Море, а помал стратегиски дел ја опфаќал линијата од Охридското Езеро до Валона во Албанија со вкупна должина од 600 км. Денес, на македонска територија, на линијата Дојран - Битола - Охрид, од околу 220 км, сè уште се наоѓаат видливи траги од борбите на фронтот. На него се воделе повеќе сложени воени операции и тешки битки, како оние на Црна Река, Горничево, Кајмакчалан и Добро Поле. Македонскиот фронт бил прв фронт кој сојузниците го пробиле на 15 септември 1918 година во битката кај Добро Поле, со што била навестена капитулацијата на Централните сили.

*Карта – исечок  од  „Новиот атлас на Хармсворт“, Сликовно уредено од „Amalgamated Press“, 1921г. (Подарок од Влатко Милошевски)

* Бугарски војници на пат кон фронтот

*Германски пилоти на Македонскиот фронт

*Српски камп на Македонскиот фронт

*Француска артилерија на Кајмакчалан, 1916 г.

*Сојузниците во село Брод на завојот на Црна Река

*Британски противвоздушен топ, Дојранско Езеро

Услови за користење на содржината

Со пристапот на оваа веб страна ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата mmb.org.mk.

Од посетителите се очекува редовно да ги читаат правилата на користење, за на тој начин во секој време да бидат запознаени со овие услови за користење и во целост да ги разбираат и прифаќаат.

Ниеден дел од содржината на mmb.org.mk не може да се користи за нелегални активности или промовирање на истите.