ОРУЖЈЕ И ВОЕНА ОПРЕМА

ИНОВАЦИИ И МОДИФИКАЦИИ

Во војната нема глорификација, таа е израз на деструкција и контрадикторност во кои единката е соочена со континуирана борба за преживување. Сепак, жестокоста на Големата војна беше причинета и од многубројните иновации применети во вооружените техники и начинот на војување. Во оваа војна доминираше употребата на супериорна артилерија, беа воведени оклопни и механизирани единици, тенковите почнаа да ги заземаат воените боишта, а беа формирани и првите авионски воени формации. Првпат во историјата на човештвото беа употребени повеќе од сто вида хемиско и биолошко оружје како начин на војување, кои, пак, беа причина да се појави и првата противхемиска заштита. Рововите, кои примарно беа замислени како привремени скривалишта за војниците, многу брзо станаа места за живеење. Денес, овие формации како една најпрепознатлива карактеристика, активно сведочат за војната која засекогаш го смени изгледот на светот.

*Пушка „Лебел Бартие“

*Бајонет, француски

*Бајонет, француски за Лебел

*Шлем, француски

*Револвер „Раст - Гасер“

*Пиштол „Штаер“

*Шлем, германски

*Сабја, германска со футрола и ремен

*Артилериски тесак, австриски

*Бајонет за Маузер
Image

Услови за користење на содржината

Со пристапот на оваа веб страна ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата mmb.org.mk.

Од посетителите се очекува редовно да ги читаат правилата на користење, за на тој начин во секој време да бидат запознаени со овие услови за користење и во целост да ги разбираат и прифаќаат.

Ниеден дел од содржината на mmb.org.mk не може да се користи за нелегални активности или промовирање на истите.