МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

КРСТОПАТ НА СВЕТСКИТЕ ПАТИШТА

Како резултат на сложените околности наметнати од претходните воени случувања, кои го спречија процесот на етаблирање на самостојна македонска држава, во текот на Големата војна Македонија беше позиционирана како дел од новопроширените граници на балканските држави. Македонскиот народ егзистираше без решено национално и социјално прашање. Вардарскиот дел на Македонија најчесто беше именуван со термините „новоослободени и присоединети јужни краеви/области“ или „новоприсоединети земји“ во кои владееја воено-административни закони, прописи и специјални уредби. Во услови на окупација и реокупација, македонскиот народ и припадниците на другите народи од Македонија, по пат на регрутација и мобилизација, се најдоа директно во виорот на воените дејства. Генералните процени се дека повеќе од 200.000 лица војувале за туѓи интереси и цели на страна на двата воени блока - Антантатa (српска и грчка војска) и Централните сили (бугарска војска).

*Печат на Единаесетата пешадиска македонска дивизија. (подарок Б. Механџиски)  

*Печат на Единаесетата пешадиска македонска дивизија, за пешадиска чета, шести македонски полк. (подарок Б. Механџиски)

*Регрути од градот Битола на отслужување воен рок во градот Ваљево, Кралство Србија.

*Заповед за административна поделба на Македонската воено – инспекциска област (МВИО), 
1 февруари 1916 г.

*Список на младинци мобилизирани во бугарската војска од општина Бродец, 24 декември 1916 г.

Услови за користење на содржината

Со пристапот на оваа веб страна ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата mmb.org.mk.

Од посетителите се очекува редовно да ги читаат правилата на користење, за на тој начин во секој време да бидат запознаени со овие услови за користење и во целост да ги разбираат и прифаќаат.

Ниеден дел од содржината на mmb.org.mk не може да се користи за нелегални активности или промовирање на истите.