ПРВИТЕ БАЛКАНСКИ СНИМАТЕЛИ

НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА БРАЌАТА МАНАКИ

Целокупниот фотографски и филмски опус на Браќата Јанаки (1878 - 1960) и Милтон (1882 - 1964) Манаки е од исклучително значење, како за македонската така и за светската историја и визуелната уметност. Автентичните и раритетни снимки на кои се забележани значајни личности од почетокот на XX век и денес ги портретираат историските настани, како Илинденското востание, Младотурската револуција, Првата и Втората светска војна. Балканските „Браќа на светлината“ станале хроничари на едно историско време, особено по купувањето камера од серијата „Биоскоп“ – „камера 300“ и снимањето на првиот филмски запис на Балканот именуван по нивната „Баба Деспина“. Снимките од Големата војна кои се со исклучителна документарна моќ денес ни ги доближуваат лицата на познатите и/или непознатите војници од двата спротивставени блока, но и борбата за преживување на локалното население.
Група војници на француската армија, Битола 1916
Двајца германски војници - коњаници, сликани пред турските гробишта, Битола 1916 г. 
Тројца италијански мотоциклисти, Битола 1916 г.
Пристигнување на руски доброволци во Битола 1916 г. (фотографирани на железничката станица во друштвото на офицери на српската војска)
Ученички заедно со својата учителка, Битола 1914
Група ученици со учителката, Битола 1915 г.
Едно семејство од с. Ѓавато, Битола, 1914 г. 
Семејството на Бато - учителот, Битола, 1916 г.
Ванчо Цветков, фурнаџија, со семејството, Битола, 1915 г.
Татко со три деца, Битола, 1917 г.

Услови за користење на содржината

Со пристапот на оваа веб страна ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата mmb.org.mk.

Од посетителите се очекува редовно да ги читаат правилата на користење, за на тој начин во секој време да бидат запознаени со овие услови за користење и во целост да ги разбираат и прифаќаат.

Ниеден дел од содржината на mmb.org.mk не може да се користи за нелегални активности или промовирање на истите.