Во посета на Музејот на македонската борба за самостојност беа претставниците на Музејот на жртвите на геноцидот од Белград, Србија, предводени од директорот Дејан Ристиќ. Во оваа прилика беше потпишан договор за организација на гостувачка изложба којашто ќе биде поставена во нашиот музеј од 1 до 30 ноември оваа година. Станува збор за изложба на делата на монахињата Марија, насловена „Светите новомаченици од Јасеновац во светлината на воскресението“. Договорот за организација на изложбата го потпишаа м–р Даниела Николова, директорката на Музејот на македонската борба за самостојност и д-р Дејан Ристиќ, директор на Музејот на жртвите на геноцидот. Оваа изложба е договорена како резултат на потпишаниот Протокол за соработка меѓу двете институции.
Новиот амбасадор на Австрија во Р.С. Македонија , Н.Е. Мартин Памер, го посети Музејот на македонската борба за самостојност. Негов домаќин беше директорката Даниела Николова која, во оваа прилика, му ја презентираше постојаната поставка, новите содржини, измени и дополнувања на музејската поставка коишто се фокус во оваа тековна 2023 година како и привремената музејска изложба поставена во холот на музејот „120 години од Илинденското востание“.
Во согласност со член 70 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија” бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/2010, 47/2011, 51/2011, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18), националните установи во jуни во тековната година за наредната година доставуваат до Министерството за култура нацрт-годишна програма за работа на установата.