Јубилејна изложба „ХАРТИИ“ на Сергеј Андреевски

Изложбата „ХАРТИИ“ на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски ќе биде поставена во четврток, 12 мај, во холот на Музејот на македонската борба за самостојност.

Изложбата претставува ретроспектива на истражувањата на авторот врз различни видови хартија со различни материјали во изминативе 35 години.

Продолжува соработката со Државниот архив

 
Соработката на НУ Музеј на македонската борба за самостојност и Државниот архив на Република Северна Македонија и оваа година е високо на агендата на двете институции и успешно продолжува, особено во истражувачката дејност.
Заеднички се започнати истражувања на фондови историски документи и материјали коишто не се обработувани речиси 30 години. Тоа се
фондот - Париската мировна конференција од 1919 година, како и фондот со документи од македонските друштва во Швајцарија (1918-1919), коишто се микрофилмувани и со сигнатура, донесени од Кантонската универзитетска библиотека во Лозана.
Ваквата успешна соработка меѓу експертите на двете институции се заснова врз насоките и елементите содржани во Спогодбата за соработка, што пред повеќе од една година ја потпишаа директорите, м-р Даниела Николова и д-р Емил Крстески.

Средба со министерката за култура на Црна Гора, Маша Влаовиќ

Во посета на Музејот на македонската борба за самостојност беше министерката за култура на Црна Гора, Маша Влаовиќ. Во непосредна и срдечна атмосфера, директорката на музејот Даниела Николова и министерката Влаовиќ, разговараа за досегашните искуства на музејот со културните институции од Црна Гора, како и можностите за унапредување на соработката во иднина. Министерката и останатите гости од Црна Гора, ја посетија и постојаната поставка на музејот, под водство на директорката Николова.

Средба со директорката на Музејот на македонската борба за самостојност

Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски заедно со продеканите проф. д-р Јонче Ивановски и проф. д-р Снежана Мојсоска на 28.02.2023 година остварија средба со директорката на Музејот на македонската борба за самостојност г-а Даниела Николова.На средбата се разговараше за проширување на меѓуинституционалната соработката како и отворање на можноста за потпишување на меморандум за соработка помеѓу музејот и Факултетот за безбедност.
Во рамки на средбата беше остварена и посета на криминалистичкиот музеј.
 
 

Услови за користење на содржината

Со пристапот на оваа веб страна ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата mmb.org.mk.

Од посетителите се очекува редовно да ги читаат правилата на користење, за на тој начин во секој време да бидат запознаени со овие услови за користење и во целост да ги разбираат и прифаќаат.

Ниеден дел од содржината на mmb.org.mk не може да се користи за нелегални активности или промовирање на истите.