Соработката на НУ Музеј на македонската борба за самостојност и Државниот архив на Република Северна Македонија и оваа година е високо на агендата на двете институции и успешно продолжува, особено во истражувачката дејност.
Заеднички се започнати истражувања на фондови историски документи и материјали коишто не се обработувани речиси 30 години. Тоа се
фондот - Париската мировна конференција од 1919 година, како и фондот со документи од македонските друштва во Швајцарија (1918-1919), коишто се микрофилмувани и со сигнатура, донесени од Кантонската универзитетска библиотека во Лозана.
Ваквата успешна соработка меѓу експертите на двете институции се заснова врз насоките и елементите содржани во Спогодбата за соработка, што пред повеќе од една година ја потпишаа директорите, м-р Даниела Николова и д-р Емил Крстески.