НУ Музеј на македонската борба за самостојност повторно е дел од традиционалната манифестација Бела ноќ. Оваа сабота, 30 септември 2023, градот Скопје ќе биде домаќин на низа културни настани на различни локации. Музејот на македонската борба нуди слободен влез за сите посетители и разгледување на галериите под стручно водство на нашите музејски водичи до 22 часот. Освен постојаната музејска поставка, музејот ги поканува посетителите да ја посетат привремената изложба по повод 120 години од Илинденското востание „Темелник на државноста“.
НУ Музеј на македонската борба за самостојност ви ја претставува музејската изложба “Градење на македонската државност“ поставена во изложбениот простор на музејот.
На 17 август се одбележуваат 121 години од раѓањето на првиот претседател на современата македонска држава, Методија Андонов - Ченто. Еден од најсветлите ликови на македонската национална историја, чија животна борба е нераскинливо врзана со раѓањето и создавањето на македонската нација и држава.
- Музејот ќе биде затворен за посетители од 17 до 20 август
- Договорена гостувачка изложба од Музејот на жртвите на геноцидот од Белград
- Амбасадорот на Австрија во посета на Музејот на македонската борба за самостојност
- Соопштение за националните установи од областа на културата за доставување нацрт-годишна