На линија на фронтот

Едукативна  музејска работилница за животот на војниците и цивилното население на македонскиот фронт за време на Првата светска војна, којашто траела од 1914 до 1918 година. Преку  презентација на музејските едукатори учесниците ќе се запознаат за дотогаш најголемата империјалистичка војна во светот. Во завршниот дел на работилницата преку интересни прашања и игра, учесниците ќе имаат можност да го проверат своето знаење. Нашата цел е со интерактивни проекти да ги доближиме младите генерации до музеите.

Замисли го животот во минатото

Продолжуваме со постојаната едукативна програма во нашиот музеј. На 28 и 29 Март учесници на работилницата „Замисли го животот во минатото“ беа учениците од второ одделение од  ООУ Блаже Конески од Скопје. Тие се запознаа со предметите и начинот на живеење на луѓето во минатото преку презентација во етно куќичката која е дел од постојаната музејска поставка. Потоа во релаксирана атмосфера ја израазија својата креативност со боенките подготвени од музејските едукатори. Со овој вид на работилници  настојуваме музејот повеќе да ги отвори вратите за децата, а музејската едукација  постојано да го развива пристапот и важноста од секаков вид на учење во музејот кон различни целни групи.

Изработка на “Ќостек“

На 20 Декември 2022 година во Музејот на македонската борба се одржа креативната работилница за изработка на “Ќостек“ во соработка со здружението Креативна работилница- Мобилност Скопје .
Учесниците на оваа работилница се запознаа со сложеноста на изработката на ќостекот- празничен накит кој го носеле мажите и жените на носиите, како ланче за часовник или како амајлија. Низ разговор со членовите на здружението Мобилност имавме можност да разговараме за нивните потреби.
Музеите како општествено одговорна институција, секојдневно ја зголемуваат свеста за важностана на пристапноста и инклузијата во сите пори на општеството.

Запознај го животот во минатото

Продолжуваме со едукативни активности за ученици од секоја возраст. На 23 февруари 2023 година, бевме домаќини на учениците од 8 одделение од ООУ Григор Прличев од Скопје кои учествуваа во работилницата „Запознај го животот во минатото“
Во првиот дел од работилницата тие се запознаа со предметите и начинот на живеење на нашите предци во минатото претставени во етно куќичката во постојаната поставка. Дружењето го продолживме на сончевата тераса на музејот, каде учесниците ја изразија својата креативноста и стекнатите знаења.

Услови за користење на содржината

Со пристапот на оваа веб страна ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата mmb.org.mk.

Од посетителите се очекува редовно да ги читаат правилата на користење, за на тој начин во секој време да бидат запознаени со овие услови за користење и во целост да ги разбираат и прифаќаат.

Ниеден дел од содржината на mmb.org.mk не може да се користи за нелегални активности или промовирање на истите.