Пристапност

Објектот на Музејот на македонската борба е граден според современите стандарди за пристапност. Главниот влез на музејот е лесно пристапен за лица со попреченост во движењето. Во објектот постојат лифтови и тоалети за лица со попреченост во движењето. Во изложбените простории и во холот постојат места за одмор.
Музејот поседува две инвалдиски колички кои се на располагање за користење.
За слепите и слабовидни лица музејот отпечати каталог на музејската поставка на Браево писмо. Музејот поседува аудио водич Минато на дланка за одбрани тактилни предмети преку кои е претставена музејската поставка. Овој водич има и верзија на Браево писмо.
Доколку имате посебни барања во врска со посетата ви стоиме на располагање на нашите контакт телефонски број
3 256 668.
Повеќе информации можете да најдете на следниов линк - пдф фајл.

Услови за користење на содржината

Со пристапот на оваа веб страна ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата mmb.org.mk.

Од посетителите се очекува редовно да ги читаат правилата на користење, за на тој начин во секој време да бидат запознаени со овие услови за користење и во целост да ги разбираат и прифаќаат.

Ниеден дел од содржината на mmb.org.mk не може да се користи за нелегални активности или промовирање на истите.