Танзимат
Реформите во Османлиското царство и нивно применување во Македонија во 19 век
Деветнаесеттиот век е период на видливо опаѓање на моќта на османлиската империја и нејзина внатрешна дезинтеграција. Пред опасноста од големи внатрешни општествени и политички потреси, султанот Абдул Меџит пристапува кон донесување на акти со кои сакал да го смири незадоволството на повеќе слоеви од населението. Тој најпрво го прогласил гилханскиот хатишериф – 1839 година, а во 1856 година го донел и хатихумајунот. Гилханскиот хатишериф прокламирал полна рамноправност на граѓаните пред законот, без разлика на вера, народност и положба. Истовремено се гарантирала нивната чест, живот и сопственост на имотот. Истиот бил објавен на јавни места и читан на собири на кои присуствувале граѓани од сите вероисповеди. Во тој период на реформи – танзимат, легитимно можело да се формираат македонските црковно-училишни општини, како форма на афирмација и негување на верата, јазикот и народното и општествено организирање, да се поправаат и да се градат нови христијански цркви и манастири итн.
Султанот Aбдул Aзис продолжил со реформирање на државниот и политичкиот систем на османлиската империја, а султанот Абдул Хамид II во 1876 година, го донел и првиот устав на империјата. Сите овие реформи иако не довеле до радикални промени во државата, сепак, придонеле за афирмирање на црковно-просветните и културните интереси и пројави на македонското општество во рамките на империјата.

Султанот Абдул Меџид I (1839-1861)
Султанот Абдул Меџид I објавил два особено значајни реформски документи со кои незначително се подобрила положбата на христијанското население во Македонија. Тоа се Гилханскиот хатишериф на 3 ноември 1839 година и Хатихумајунот на 18 февруари 1856 година.

Султанот Абдул Азис (1861-1876)
Султанот Абдул Азис продолжил со реформирање на државниот и политичкиот систем во Османлиското царство и се смета дека тој ги поставил почетните капиталистички форми на управување.
Султанот Абдул Азис продолжил со реформирање на државниот и политичкиот систем во Османлиското царство и се смета дека тој ги поставил почетните капиталистички форми на управување.
Марко Цепенков 1829 - 1920

Од 1856 година Марко Цепенков се насочил кон собирачка дејност, поттикнат од тогашниот учител во Прилеп - Димитар Миладинов, за време на неговото учителствување во прилеп, како и од Кузман Шапкарев, преку неговите публикувани фолклорни материјали. Собирачката дејност на Марко Цепенков траела повеќе од 40 години. Тој се разликува од другите собирачи по тоа што лично самиот ги запишувал сите материјали, по бројноста на материјалите како и по жанровската разновидност на истите. Неговите фолколорни и етнолошки материјали ги собирал во прилепско, битолско, скопско, штипско, велешко и дебарско. Тука се вбројуваат пословици, поговорки, приказни, песни, гатанки, верувања, клетви, благослови, баења, соништа, обичаи и сл.
Издавајќи ја својата автобиографија во 1896 година, напишал десетина песни како и драмата ,,Црне војвода”, која ја нарекува: ,,историска пиеса во пет чина од македонскиот живот на македонски говор”.
По доживеаната сообраќајна незгода во 1904 година, останал инвалид на една нога. Починал во длабока старост во Софија 1920 година.
Делата на Марко Цепенков за првпат биле реиздадени 1954 година од Блаже Конески во сказни и сторенија. Во 1957 творештвото на Цепенков било преставено во вид на филм од Кирил Пенушлиски, а во 1972 година било објавено целокупното дело на Цепенков на македонски јазик.
Бил најголем собирач на македонско народно творештво, притоа вложувајќи голема енергија за пронаоѓање на материјалите, слушање и нивно стилизирање и зачувување.
Црковно просветна преродба во Македонија
Во раните векови од османлиското владеење во Македонија, писменоста на христијанските заедници се одвивала во рамките на ќелијните училишта во манастирите, во кои наставата претежно се одвивала на грчки јазик (поради укинувањето на Охридската архиепископија во 1767 година и потпаѓање на црковно-училишните општини под Цариградската патријаршија) и била насочена кон духовно образование на учениците. Кон средината на XIX век започнало зголемување на потребите од изучување на световни дисциплини под влијание на западноевропските земји, а со тоа се зголемиле потребите од промени во образованието. Тоа западно влијание особено се почувствувало по Кримската (Руско-турска) војна, а со Хатихумајунот од 1856 година (кој бил дел од реформите во Империјата), формално општините се здобиле со статус на автономни единици.
Под влијание од другите балкански народи за нивно црковно осамостојување од Цариградската Патријаршија, во втората половина на XIX век кај македонското население започнал да се појавува отпор во однос на користењето на грчкиот јазик поради тоа што бил неразбирлив за локалното население. Така, кон средината на XIX век започнало дејствување за воведување на црковнословенскиот јазик во црковно-училишните општини во Македонија како и борба за нивно осамостојување во однос на Патријаршијата. Тоа пак водело кон пројавување на иницијативи за обновување на укинатата Охридска архиепископија, кои биле предводени од македонската тогашна интелигенција, како и иницијативи од повеќе црковно-училишни општини за воведување на народниот говор во училиштата.
Борбата за обнова на Охридската архиепископија како македонска црква особено се засилила во деведесеттите години на XIX век. Во 1890 година 120 охриѓани потпишале барање до Патријаршијата за обнова на Охридската архиепископија како и барање за свои училишта и учители. Во деведесеттите години значајна била и дејноста на тогашниот скопски митрополит Теодосиј Гологанов во однос на залагањето за обнова на Охридската архиепископија.

Теодосиј Гологанов 1846 - 1926

Митрополитот Теодосиј Гологанов бил прониклив духовник кој го согледал штетното влијание на странските пропаганди во Османлиска Македонија, кои воделе кон раздор меѓу населението, па оттука го поттикнале да започне иницијативи за формирање на посебна македонска црква преку обновување на некогашната Охридска архиепископија како и воведување на македонски говор во училиштата и печатење на книги на македонски јазик. Таа негова замисла и залагање воделе кон идно политичко осамостојување, по примерот на балканските народи. Така, иницијативите за обнова на Охридската архиепископија, покрај антипатријаршиска, добиле и антиегзархиска нота, но истовремено се засилила и идејата за воведување на македонското говорно наречје, кое понатаму неминовно ќе придонесе во борбата за македонска политичка самостојност.
За време на своето дејствување како скопски митрополит, Теодосиј презел конкретни мерки за отстранување на проегзархиските чиновници од црковно-училишните општини а истовремено се заложил за отварање на посебно словенско одделение во скопската вилаетска печатница со цел печатење на учебници на македонски јазик. Откако била осознаена антиегзархиската дејност на Гологанов, во 1892 година тој бил повлечен во Цариград, обвинет за ,,создавање на народност што не постоела во историјата”, по што му била одземена титулата ,,Скопски митрополит” и бил поставен на служба во манастири во Бугарија (Бачковски, Рилски манастир и потоа митрополит на Пловдивска епархија и Марониска епархија). Кон крајот на својот живот работел како лектор во Духовната академија во Софија, каде починал во 1926 година.