Паласка, фишеклија, кутија од месинг

Паласка, фишеклија, кутија од месинг

Инвентарен број: И/25 Датирање: XIX и XX век Материјал/техника: месинг, рачна изработка, техника на гравирање и исчукување Димензии: 9 х 8 см Паласката е рачно изработена кутија од месинг. Има правоаголна форма, а на средина е издигнат кружен дел во форма на јадро со заоблена кружна декорација. Од него излегуваат четири подебели линии што личат на стебла на дрвја и дијагонално се протегаат до аглите на кутијата. Тие се украсени со декорација во форма на спирала, а страните на секоја линија се украсениа со флорални елементи во форма на листови. Помеѓу стеблата има украси што личат на силуета на човек со приближени нозе и раширени раце. Краевите на кутијата се полузаоблени, украсени со рамка од прави линии. На горниот дел на паласката има тенко метално капаче, а на средина е поставен метален механизам за затворање на кутијата. На долниот дел има додатни делови на кои имало висулци, но недостасуваат кај овој предмет. Декоративните елементи се изработувале со техника на исчукување.

Date

04 Март 2023

Tags

Оружје

Услови за користење на содржината

Со пристапот на оваа веб страна ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата mmb.org.mk.

Од посетителите се очекува редовно да ги читаат правилата на користење, за на тој начин во секој време да бидат запознаени со овие услови за користење и во целост да ги разбираат и прифаќаат.

Ниеден дел од содржината на mmb.org.mk не може да се користи за нелегални активности или промовирање на истите.