
Чаура од граната во форма на вазна
Чаура од граната во форма на вазна со натпис Monastir 1914-1915
Влезен број: 2545 Декорацијата била изведена со техника на исчукување или врежување. Покрај поединечни вегетациски мотиви, имало и приказ на женски и на машки фигури, најчесто униформирани. На одделни предмети биле изведени христијански мотиви или прикази на христијански светци. Тоа укажува дека месингот и бронзата, како легури на бакарот, нашле широка примена во сите аспекти на живеење на населението во Македонија, нудејќи широк спектар на производи. Нивната утилитарна и декоративна вредност зборуваат за врвните естетски и професионални дострели на локалните мајстори и на населението во целина. Тие оставиле своевиден печат на времето и на просторот и претставуваат одраз на материјалната и на физичката егзистенција, а многу повеќе на едно суптилно духовно ниво.