Секира

Секира

Инвентарен број: И/43 Должина: 50 см Ширина на сечилото: 19,2 см Кожен додаток: 15 см Материјал: месинг, дрво и камен Рачна изработка Секирата е орудие што спаѓа во групата ладно оружје. Се состои од метално сечило и дрвена дршка. Во горниот дел металното сечило е издигнато под прав агол и завршува во издигнат шилест врв. Горниот и средишниот дел на дрвената дршка под сечилото се обвиени со кожа и богато се украсени со декоративни елементи - прстени изработени од месинг и камења во сина и темнокафеава боја. На долниот дел на дршката има спирални проширувања и таа завршува со стилизиран издигнат дел. На врвот на дршката над сечилото се забележува идентичен стилизиран издигнат дел. На долниот дел на дршката е закачена метална алка со кожен додаток. Според димензиите, станува збор за кратка секира.

Date

04 Март 2023

Tags

Оружје

Услови за користење на содржината

Со пристапот на оваа веб страна ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата mmb.org.mk.

Од посетителите се очекува редовно да ги читаат правилата на користење, за на тој начин во секој време да бидат запознаени со овие услови за користење и во целост да ги разбираат и прифаќаат.

Ниеден дел од содржината на mmb.org.mk не може да се користи за нелегални активности или промовирање на истите.