Бутин

Бутин

Влезен број: 142 Датирање: XX век Димензии: обем: 62 см; висина: 88 см; рачка со должина; 12 см Материјал: дрво Техника: рачна изработка Функција: за матење млеко и за добивање маст (путер) Бутинот има конусовидна форма. Направен е од долги штици наредени во круг и стегнати со метални обрачи. На горниот дел има една подолга штичка и служи како рачка. Составен дел на бутинот е ,,маталото“. Тоа е долг стап на чиј долен дел е вметната дрвена плочка на која има неколку дупки за да се мати подобро млекото. Со маталото се правеле вертикални движења и на тој начин се издвојувале масните состојки. Во бутините се матело - биело млеко за да се добијат матеница, биеница и маст (путер). Овој сад се среќава под различни имиња: бутин, битињ, буитк, бутина, бучка. Бутинот е симбол на овчарите. Се користел во обичаите за празникот Ѓурѓовден, со цел да се заштитат овците и млекото и да се обезбеди поголема плодност и млечност.

Date

04 Март 2023

Tags

Покуќнина

Услови за користење на содржината

Со пристапот на оваа веб страна ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата mmb.org.mk.

Од посетителите се очекува редовно да ги читаат правилата на користење, за на тој начин во секој време да бидат запознаени со овие услови за користење и во целост да ги разбираат и прифаќаат.

Ниеден дел од содржината на mmb.org.mk не може да се користи за нелегални активности или промовирање на истите.