
Грне - бакар
Влезен број: 139 Датирање: XX век Димензии: пречник: 10 см; обем: 41 см; висина: 16 см; отвор: 10 см Материјал: бакар Казанџиска изработка со исчукување Грне со тркалезно дно подигнато на мала ѕвончеста нога од каде што се проширува во мешесто тело што се стеснува во горниот дел и завршува со мал чембер свртен нанадвор. На едната страна на грнето е зацврстена бакарна рачка што кај отворот се дели на две. Грнето се состои од две парчиња што запчесто се споени со исчукување. Декорирано е со два реда венци од коси линии.