
Саан
Инвентарен број: Е/4 Датирање: XX век Дијаметар: 30 см Материјал: бакар Изработка: техника со исчукување Саанот е сад со тркалезна форма, со рамно дно и со повисок перваз на работ, декориран со задебелена кружна линија. Во централниот дел на внатрешната мазна страна на металната чинија има натпис по следниов редослед: 1766, на средина има нечитлив текст што треба да биде предмет на дополнителни истражувања и на крајот пишува МАХАЛА ТОПАНА.