Едукативна музејска работилница за животот на војниците и цивилното население на македонскиот фронт за време на Првата светска војна, којашто траела од 1914 до 1918 година. Преку презентација на музејските едукатори учесниците ќе се запознаат за дотогаш најголемата империјалистичка војна во светот. Во завршниот дел на работилницата преку интересни прашања и игра, учесниците ќе имаат можност да го проверат своето знаење. Нашата цел е со интерактивни проекти да ги доближиме младите генерации до музеите.
Продолжуваме со постојаната едукативна програма во нашиот музеј. На 28 и 29 Март учесници на работилницата „Замисли го животот во минатото“ беа учениците од второ одделение од ООУ Блаже Конески од Скопје. Тие се запознаа со предметите и начинот на живеење на луѓето во минатото преку презентација во етно куќичката која е дел од постојаната музејска поставка. Потоа во релаксирана атмосфера ја израазија својата креативност со боенките подготвени од музејските едукатори. Со овој вид на работилници настојуваме музејот повеќе да ги отвори вратите за децата, а музејската едукација постојано да го развива пристапот и важноста од секаков вид на учење во музејот кон различни целни групи.