Услови за користење на содржината

 

Прифаќање на условите за користење на mmb.org.mk

Со пристапот на оваа веб страна ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата mmb.org.mk.

Од посетителите се очекува редовно да ги читаат правилата на користење, за на тој начин во секој време да бидат запознаени со овие услови за користење и во целост да ги разбираат и прифаќаат.

Ниеден дел од содржината на mmb.org.mk не може да се користи за нелегални активности или промовирање на истите.

Сопственички права

Содржините на оваа интернет-страница (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци, програмски код и други)се во сопственост на Музејот на македонската борба – Скопје и истите се заштитени со авторски права, заштитни знаци и ознаки на услуги, патенти и други сопственички права. Секое копирање, репродукција, модифицирање, пренесување, дистрибурирање или користење на податоците и информациите, како и други изведби на содржините, не е дозволено без претходно писмено одобрение од Музејот на македонската борба – Скопје.

Секој упад или злоупотреба на интернет-страницата на Музејот на македонската борба – Скопје е казниво согласно Кривичниот законик на Република Македонија.

Услови за користење

Податоците и информациите објавени на оваа интернет-страница се од информативен карактер и се сметаат за точни во времето на нивното објавување. Музејот на македонската борба – Скопје го задржува правото во секое време да изврши ревидирање, дополнување или измена на податоците и информациите, во целост или делумно, со цел обезбедување на континуирано ажурирање на интернет-страницата. Музејот на македонската борба – Скопје  не гарантира за точноста, актуелноста и потполноста на објавените информации и не ја презема одговорноста за неправилната употреба на овие содржини.

Исклучување од одговорност

Музејот на македонската борба – Скопје не презема одговорност за евентуални загуби или штети кои би можеле да настанат при посета и користење на податоците и информациите од интернет-страницата, како што се губење на информација, штета на услуга, софтвер и слично.

Поврзаните локации не се во надлежност ниту се под контрола на Музејот на македонската борба – Скопје и затоа се иззема од одговорноста за содржините на која било поврзана локација или која било измена или ажурирање на истатаи на никаков начин не е одговорна за содржините на тие страници и сервиси.

Заштита на приватноста и тајност на податоците

www.mmb.org.mk ја почитува приватноста на своите посетители. Податоците на посетителите не се достапни за трети лица, освен во случаи за кои законски е поинаку пропишано.