Директорот на НУ Музеј на македонската борба со предавање на семинарот Музеите и националниот идентитет: конструкција, промени и инклузија

На 10 ноември 2017 година, во Историскиот музеј на Каталонија во Барселона, се одржа меѓународниот семинар под наслов Музеите и националниот идентитет: конструкција, промени и инклузија.

На еднодневниот музеолошки собир, директорот на институцијата д-р Бранислав Светозаревиќ ги претстави работата и искуствата на НУ Музеј на македонската борба и се осврна на улогата на националните музеи во градењето националните идентитети во Европа. Настанот го отворија директорката на Историскиот музеј на Каталонија, Маргарида Сала, а во име на Националната агенција за културно наследство на Каталонија, се обрати директорот Џузеп Боја. На семинарот земаа учество претставници од неколку национални музеи од Европа кои имаа можност да разменат искуства и идеи околу иднината на националните музеи во време на драматични општествени промени. Покрај д-р Светозаревиќ, на семинарот учествуваа и Магдалена Миери од Националниот музеј на американската историја Смитсонијан од Вашингтон, САД; Милош Вукановиќ од Националниот музеј на Црна Гора; Асиер Мадариета од Баскискиот музеј, Гир Томас Риесен од Фолк музејот во Осло, Норвешка и проф. Хавиер Роиге од Универзитетот Барселона. По презентациите на сите говорници следеше плодна дебата на која учесниците успеаја да разменат искуства и идеи околу иднината на националните музеи во време на драматични општествени промени.