Изложба по повод Денот на македонската револуционерна борба

По повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, во холот на Музејот на македонската борба поставена е изложба под наслов Револуционерите во Тетово и Тетовско за време на Илинденскиот период 1895-1905г.

Изложбата содржи фотографии од револуционери од овој крај, преку кои посетителите имаат можност одблиску да се запознаат со не толку познатите ликови од револуционерното минато на Македонија.