Картофилска изложба по повод 11 Октомври

По повод Денот на востанието, 11 Октомври, во НУ Музеј на македонската борба ќе биде поставена картофилска изложба на д-р Бранислав Светозаревиќ под наслов „Социјалисти и комунисти – револуционери.

Изложбата ќе биде отворена на 10 октомври (вторник) во12 часот во холот на Музејот на македонската борба.

 

Д-р Бранислав Светозаревиќ (1966г.) е истакнат автор на околу 30 научни трудови од областа на историјата, архивистиката, музеологијата, етнологијата и културата. Реализирал повеќе од 23 фотографски, филателистички и картофилски изложби на теми од историјата, културата и спортот.