Успешен ден за НУ Музеј на македонската борба на одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите

Успешен ден за НУ Музеј на македонската борба на одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите, 18 мај, во организација на Македонскиот национален комитет на ИКОМ.

Музејот на македонската борба освои награда за најдобар музејски проект во 2016г. за едукативниот проект Вики-клуб, на авторите Ана Вишинова и Даниела Митевска, во соработка со Снежана Штрковска од ГЛАМ Македонија и координаторот за образование, м-р Матилда Бајкова. МНК ИКОМ ги додели  и наградата Музеј на годината, која отиде во рацете на Музеј и завод Битола, за новоотворениот музеј „Спомен куќа на Татарчеви“,  а за музејски проект на годината покрај нашиот музеј, награда доби и Спомен-куќата на Мајка Тереза“ за проектот „Тишината раскажува за Мајка Тереза“ од авторот Цветанка Вучковска-Митовска. Наградата за надворешен музејски соработник му припадна на новинарот Тони Димков за ангажманите во афирмацијата на културата и музејското работење.На советувањето што се одржа на 19 мај во Националната галерија на Македонија, во Скопје, под мотото „Музеите и спорните истории: Кажувајќи го неискажливото во музеите“, нашиот кустос Данијела Трајкова-Крстиќ го презентираше својот труд Калеидоскоп на историски настани.