Свечено отворена Изложбата на значки

На 12 мај, петок, со почеток во 12.00 часот во холот на Музејот на македонската борба, свечено беше отворена Изложбата на значки (фалеристика).

 

Изложбата е во организација на најмалиот-етно музеј на светот од с. Џепчиште, Тетовско, на која на седумдесетина грба се претставени повеќе од 10.000 значки и триесетина брознезни плакети. На присутните им се обрати директорот на НУ Музеј на македонската борба, д-р Бранислав Светозаревиќ, кој истакна дека оваа изложба е дел од воспоставената соработка со етно-музејот и која ќе продолжи и во иднина. Во пригодниот говор, Красимир Трајков рече дека е импресиониран од големината на колекцијата и дека етно-музејот од Џепчиште треба да продолжи да ја збогатува фалеристичката збирка. Сопственикот на најмалиот етно-музеј во светот, Симеон Златев - Моне, потенцираше дека веќе 26 години е активен со работата на музејот, период во кој има органзиирано околу 40 изложби, издадено пет книги, а во музејот поминале неколку милиони посетители на директен или индиректен начин. Златев ги покани присутните да го посетат најмалиот етно-музеј во с. Џепчиште, каде на мал простор, но со големо срце, се наоѓаат предмети од предисторијата до денес кои зборуваат за богатото културно наследство на Македонија.

Изложбата ќе биде поставена во Музејот на македонската борба до 19 мај.