Уредувачки маратон на вики-клубот

Во просториите на Музејот на македонската борба, во рамки на првиот вики-клуб во Македонија, на 4 мај, четврток, вредните википедијанци реализираа уште една тематска работилница.

Под менторство на музејските едукатори од Музејот на македонската борба и на Здружението за умножување слободни содржини Глам Македонија, работилницата на вики-клубот беше всушност уредувачки маратон на кој членовите на вики-клубот во период од скоро три часа, создадоа пет нови статии на теми поврзани со Балканските војни. Учесниците на овој настан добија и благодарници. Уредувачките маратони на различни теми и во иднина ќе бидат дел од проектните активности на вики-клубот.