НУ Музеј на македонската борба и годинава дел од акцијата Часот на планетата Земја

НУ Музеј на македонската борба со своите два објекта, музејот и Порта Македонија, и оваа година беше дел од големата акција Часот на планетата Земја.

На 25 март 2017, точно во 20.30 часот, објектот на музејот и Порта Македонија симболично ги изгасија своите светла како поддршка на акцијата чија цел е  подигање на свеста за спас на планетата Земја. Во акцијата Часот на планетата Земја се вклучени повеќе од 170 земји од светот во организација на Светскиот фонд за природа (WWF) и поддржана од Обединетите нации.

Видеото од настанот можете да го прегледате на следниот линк. https://www.facebook.com/earthhourmk/videos/744377325741543/