Посета на францускиот амбасадор во Македонија на НУ Музеј на македонската борба

На 17 март (петок), во посета на НУ Музеј на македонската борба беше францускиот амбасадор во Република Македонија, НЕ г-дин Кристиан Тимоние.

 

Амбасадорот оствари средба со директорот на музејот, д-р Бранислав Светозаревиќ, на која беа разменети мислења за работата на музејот и за можните  соработки во иднина. За време на посетата амбасадорот ги разгледа просториите на музејот и изложбените простории на постојаната музејска поставка.