Билети и музејско водење

 Bileti

 

Редовни билети

Билет за македонски државјани: 100 денари
Билет за странски државјани: 300 денари
Билет за организирани групи (македонски државјани): 50 денари
Билет за организирани групи (странски државјани): 120 денари

Повластени билети

Пензионери: 50 денари
Лица со возраст до 27 години: 50 денари
Лица кои до 18 години имале статус на деца без родители: 50 денари
Студенти од странство носители на картичка ISIC: 60% попуст
АМСМ клуб картичка: 50% попуст
Во цената на билетите е вклучена и стручната презентација на музејската поставка со водич.

Бесплатен влез:

Студенти (индивидуална посета за македонски државјани): секој четврток

Средношколци (индивидуална посета за македонски државјани): секоја среда

Деца без родители до 18 години (македонски државјани): секој ден

Лица од социјално ранливи категории (македонски државјани): секој ден

Потребни документи за идентификација за повластените и бесплатните билети:

За студенти индекс или студентска легитимација
За пензионери лична карта
За лица од ранливи категории потврда од надлежен социјален центар.

Музејско водење
Музејското водење низ изложбените поставки е со помош на водич. Музејската посета започнува со доаѓањето во музејот каде ве очекуваат водичи задолжени за стручна презентација на музејската поставка. Прошетката низ галерискиот дел трае од 45 до 60 минути. 
Во изложбените сали не е дозволено фотографирање и снимање. Фотографирањето и снимањето се дозволени во холот и конференциската сала на Музејот на македонската борба.

Аудио водич

За индивидуално искуство во посетата на музејската поставка на располагање се уреди за аудио водење на македонски, англиски и турски јазик.