Рекоа за нас

 

Музејот е многу содржаен, автентичен израз на македонската историја. Тој е и значаен и посебен. Им честитам на сите автори и уметници, како и на историчарите и на градителите на ова импресивно здание.

Борис Шпрем, претседател на хрватскиот Сабор

 

Ви благодарам за прекрасната тура во овој извонреден музеј. Сигурен сум дека ќе имате голем успех во меѓународната музејска заедница.

Реин Ланг, министер за култура на Република Естонија

 

Импресионирана сум од изградбата на Музејов, посебно од претставувањето на историјата и се срамам што сега ја сватив целата наша историја и историја за која многу малку сум знаела. Секоја чест на сите што учествувале во средувањето на се што е претставено пред македонскиот народ.

Р.Ангеловска

 

Многу потресен и информативен одраз на овој важен период од историјата.

Лорд Пател од Бредфорд. Горен дом на британскиот парламент

 

Сувенири... на многу кратка, но ИНТЕНЗИВНА посета на нашата историја!...

Викторија Абрил

 

Импресиониран сум од напорите на Македонците за да бидат признаени како Европска држава.

Пол Демаре, ректор на Европскиот колеџ во Бриж, Белгија

 

Импресивна историја. Честитки за независноста и многу среќа за вашата убава земја!

Валентино Лена, Италија

 

Импресивно знаење, разбирање и страст за долгата борба на она што е денес независна Република Македонија. Благодарам и се најдобро!

Ед Рип, САД

 

Задоволна сум што го посетив музејот бидејќи беше една од најпровокативните и најбогатите посети на кој било музеј. Не само што се беше прекрасно изработено, туку впечатоците што ги остава посетата се потресни и остануваат запаметени.

Пејџ Б. САД

 

We learned incredible chapter of Macedonian nation. It reminds us our history as Jewish nation for the ever wish for identity and uniting.

Sara, Vivi, Asi and Havel , Tel Aviv Israel

 

Научивме неверојатно поглавје за македонската нација. Нè потсети на нашата историја, историјата на еврејската нација за вечна желба за идентитет и единство.

Сара, Виви, Аси и Хавел, Тел Авив, Израел.

 

Браво за идејата, браво за вредните раце што ја оствариле, за ние денес да се восхитуваме. Благодарност до сите што ги дале своите животи за ние денес да живееме во остварувањето на нивните и нашите дамнешни желби за самостојна и слободна Македонија!

Баба Базерко со внуците Кирил и Дарко

 

Постојат многу планови и идеи, но убави и корисни се само оние што се реализирале. Прекрасен е овој музеј. Вечна им слава на хероите кои го положиле својот живот за доброто на Македонија и човечноста.

Милева Поповска

 

Нема ништо поголемо и посвето за еден народ да се познава себе си, својата историја и постоење. Македонскиот народ го заслужи овој прекрасен музеј, македонскиот народ ја напиша историјата на Европа на темелите на Европската заедница – соживот, пријателство, мир... Горди сме што сме Македонци и што имаме уште многу да му покажеме на светот...

Цане и Билјана Таковски

 

Борбата за слобода е најголем идеал на секој народ, па и на македонскиот. Ви благодариме што ни овозможивте да осознаеме и да научиме нешто повеќе. Прекрасно е осмислено и организиранo. Ова што го видов и слушнав ме допре до срце. Трогнат сум од сета борба, сиот тој труд, сето тоа страдање што македонските дејци го посветиле во градењето на македонската суверена држава. По денешниот ден, се чувствувам посебно горд што сум Македонец. Благодарам на сите установи и поединци – дел од овој многувековен стремеж – да се чуе македонската борба насекаде.

Антонио Михајлов

 

Восхитен и воодушевем од експонираните простори на овој прекрасен музеј низ сите периоди на ропство до конечна слобода. Останувам без зборови, освен да упатам честитки и комплименти до сите кои дале свој придонес за реализација на ова што го имаме како национална гордост. Браво!

К.Ефремов

 

Горда сум што сум сведок на овој Музеј, неговата изградба и постоење. Не сме научени дека вака можеме и заслужуваме. Браво!

Марија Николова

 

Среќна сум што го видов овој музеј и секој Македонец треба да биде горд на својата историја и на ова сведоштво

С.Несковска

 

Многу убаво смислено, изведено, изградено и презентирано за Македонската историја.

Фамилија Георгиевски, Прилеп

 

Музејов е прекрасен и многу убаво е претставена историјата на Македонија во тој период. Од тоа што го видовме тука сме презадоволни и има навистина што да се види. Големо БРАВО!!! И треба да се продолжи така,за да си ја запознаеме Македонија подобро.

Од група глуви лица, Полска

 

Навистина импозантно, одушевен сум. Господ го благословува секој народ со вакво минато.

Б.Калаузров

 

Исклучително добра презентација во еден магичен простор и амбиент кој може само да го врати човека во историјата.

Росица Ќурчиева

 

Многу убаво смислено, изведено, изградено и презентирано за Македонската историја.

Маја Трајкова

 

Членовите на П.К. „Љуботен“ од Тетово се премногу задоволни од поставката во Музејот. Излеговме од Музејот уште повеќе свесни за богатството на интелект и хероизам за сите претходни генерации. Подигањето на еден ваков Музеј за минатото на Македонија е продолжување на големите дела на минатите генерации и инспирација на идните.

Планинарски клуб „Љуботен“

 

Експлозија од ЕМОЦИИ!Навистина ни требаше Музејот, ни укажува дека сегашноста не е нешто поразлична од минатото: херои и предавници! Мала забелешка, би сакала повеќе да се раскаже за поделувањето на мојата држава во 1919 година.

Емилија