Тринаесетто одделение

Жртви на комунистичкиот режим

Периодот на современата македонска држава во рамките на југословенската федерација од 1945 до 90-те години на 20 век е исполнет со бројни историски противречности. Од една страна, создадената македонска држава била сигурност за национален процут на македонскиот народ, а од другата се вршел строг идеолошки надзор над сите текови во општеството (од економијата до културата) кои беа проектирани, насочувани и одредувани од Комунистичката партија како единствена владеачка партиска организација.
Незадоволни од нецелосното решение на македонското прашање (само како југословенско, а не како балканско) поголем број македонски национални борци, интелектуалци и новоформирани организации и групи следејќи ја идеолошката поставка на ВМРО, поставувале барања за обединување на македонскиот народ. Спротивставувајки сé на настојувањето за посилна централизација на Федерацијата што ја спроведувало Политбирото на ЦК КПЈ и Јосип Броз – Тито, овие македонски тајни организации и групи претставувале борба за поширока автономија во одлучувањето на внатрешната и надворешната политика на македонската држава во однос на федерацијата.Тие се застапувале за демократизација на политички систем и делотворност на правната наспроти политичко – партиската држава која опстојувала во тогашното општество. Идеолошките и политичките неистомисленици како и оние кои се спротиставувале на економските мерки и политичка власт на комунистите биле изложени на прогон и принудени на повлекување од политичкиот и јавниот живот. Особено биле подложени под средства на присила приврзаниците на идејата за независна и суверена македонска држава.

 

МЕТОДИЈА АНДОНОВ – ЧЕНТО (1902-1957)

МЕТОДИЈА АНДОНОВ – ЧЕНТО (1902-1957)
Eден од основоположниците на современата македонска држава и првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ. Тој бил претставник на македонската национална граѓанска ориентација и учесник во националноослободителните и во политичките борби во периодот меѓу двете светски војни поради што многупати бил затворан. По нападот на Југославија и новата окупација на Македонија, Ченто одбил да соработува со бугарските фашистички окупатори поради што двапати бил затворан и интерниран во логор. Во 1943 година преминал на слободната територија во Дебарца каде бил избран за член ан ГШ на НОВ и ПОМ. Истата година бил избран за претседател на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и во тоа својство заминал на о.Вис како член на македонската делегација која пред НКОЈ го поставила прашањето за обединување на македонскиот народ. На Првото заседание на АСНОМ бил избран за Претседател на Президиумот на АСНОМ. Неговите самостојни настапи и барањата за поголема самостојност ДФМ во рамките на југословенската федерација, особено економска, но и заради заложбите за интегрално решавање на македонското прашање бил означен како автономист и сепаратист. Тој бил застапник на мислењето дека секој народ има право на самоопределување до осамостојување (отцепување) поради што влегол во спротивставување со највисокото политичко раководство на Југославија. Неговото барање во првиот Устав на ФНРЈ да биде вметната клаузулата самоопределување до отцепување повлекло остри напади од јогословенското и македонското политичко раководство. Во 1946 година Ченто бил уапсен и во судски процес осуден на единаесет години лишување од слобода со присилна работа и пет години на губење на граѓанските и политичките права и одземање на најдените предмети кај него. Во 1955 година бил пуштен од затворот тешко болен, починал 1957 година. Рехабилитиран е во 1990 година како жртва на монтиран судски процес.

Восочна фигура: ЃОРЃИ КАРЕВ (1887-1949)

Восочна фигура: ЃОРЃИ КАРЕВ (1887-1949)
Брат на македонскиот револуционер, војвода и Претседател на Крушевската република, Никола Карев. За време на Илинденското востание тој учествувал како македонски револуционер, а во текот на Втората светска војна за време на бугарската окупација на македонските територии бил поставен како кмет на Крушево. По Војната бил затворен и осуден на петгодишна затворска казна. Починал последниот ден од отслужувањето на неговата затворска казна.

Егзекуција на велешките затвореници Егзекуција на велешките затвореници

Екзекуцијата на велешките затвореници од страна на претставниците на ОЗНА била извршена во ноќта помеѓу 15/16 јануари 1945 година. Затворениците, на број 53, биле одведени со камион надвор од градот и убиени во просторот помеѓу селата Ветерско и Летевци, во една нива во атарот на селото Летевци. Биле врзани еден со друг, принудувани да клекнуваат пред огромната јама, удирани со голем дрвен токмак по черепите, а потоа втурнувани во масовната гробница. По нивното ликвидирање, постхумно е одржан судски процес на кој се прогласени за виновни.

ПАВЕЛ ШАТЕВ (1882-1951)ПАВЕЛ ШАТЕВ (1882-1951)

Македонски национален деец со европско образование, гемиџија (солунски атентатор), доктор по правни науки, министер за правосудство на НРМ, публицист, Претседател на МЕФО во периодот меѓу двете светски војни, член на раководството на ВМРО (Обединета) формирана 1925 година во Виена и поборник за одбрана на самостојноста на македонското националноослободително дело меѓу двете светски војни и поддржувач на федеративната идеја меѓу двете светски војни, соработник на Советската разузнавачка служба и член на Президиумот на АСНОМ. Тој бил застапник на стојалиштето македонското националноослободително дело мора да остане чисто и самостојно, да биде надвор од влијанијата на комунистичките партии и другите туѓи влијанија што, од другата страна не ја исклучувал можноста за заемна соработка со балканските комунистички партии, особено југословенската и бугарската во функција на создавање на општо ослободително движење на Македонците во сите три дела на поделена Македонија. Во 1949 година како последица од информбировската политика во Југославија бил затворен во куќен притвор. Починал во 1951 година во Битола.

ЈОСИП БРОЗ ТИТО (1892-1980) ЈОСИП БРОЗ ТИТО (1892-1980)

Револуционер, комунист, политички и воен раководител на НОВ и ПОЈ, маршал и југословенски државник. Во текот на Првата светска војна бил учесник на Рускиот фронт како австроунгарски војник каде бил и заробен. Во 1920 година се вратл во Загреб каде се вклучил во партиските редови на КПЈ, а од 1937 година бил избран за генерален секретар на партијата. За време на Втората светска војна ја организирал и раководел со НОВ на Југославија, а по Војната извршувал највисоки партиски и државнички должности. По неговиот судир со Сталин започнало и неговото пробивање како политичар на меѓународен план. Тој бил еден од основачите на Движењето на Неврзаните и еден од најпочитуваните светски политичари. Со југословенската федерација која тој ја создаде, раководел од 1943 година сè до неговата смрт во 1980 година.

ЛАЗАР КОЛИШЕВСКИ (1914-2000)ЛАЗАР КОЛИШЕВСКИ (1914-2000)

Eдна од водечките политички личности во НРМ/СРМ по 1944 година. Во периодот од 1943 година до 1963 година бил Претседател на ЦК на КПМ/СКМ и претставник на пројугословенското партиско крило и создавач на толкувањето на историјата, особено најновата. Претходно во 1941 година како истакнат комунист во Крагуевац, Србија, бил испратен во Македонија. Неговото доѓање во Македонија значело отстранување на Методија Шаторов Шарло од водечката должност во ПК на КПЈ за Македонија, но набрзо Колишевски бил фатен и затворен во бугарски фашистички затвор во Бугарија. Се вратил во веќе прогласената ДФМ, по Првото заседание на АСНОМ, во 1944 година и со поддршка од белградските највисоки власти во Југославија ја започнал политиката на отстранување на македонските национални и политички дејци означени како „автономисти“ и „сепаратисти“.

ЈОВАН КОТЕСКИ (1932-2001) ЈОВАН КОТЕСКИ (1932-2001)

Mакедонски поет кој припаѓа на третата генерација на македонски автори. Во периодот по Втората светска војна тој студирал книжевсност во Скопје, а подоцна работел како новинар во Радио Скопје. Во периодот на 50-тите, 60-тите и 70-тите години од дваесетиот век тој објавил голем број збирки песни, а во периодот 1981 и 1982 години бил Претседател на меѓународниот фестивал за поезија „Струшките вечери на поезијата“. Во 1985 година ја објавил збирката песни „Тапија“, а истата година бил уапсен, затворен и осуден на петгодишна затворска казна. Обвинувањето го товарело за тајно работење на уривањето на Југословенската Федерација и за создавање на независна македонска држава со што припаѓа на последната група политички затвореници-интелектуалци во поранешната Југословенска федерација. Во 1987 година бил ослободен со залагање на хрватскиот писател и философ, Предраг Матвеевиќ, кој во својство на тогашен Потпретседател на Меѓународната асоцијација на ПЕН центарот со седиште во Њујорк организирал петиција со потписи на познати светски писатели до тогашното Претседателство на СФРЈ. Починал во 2001 година во Скопје, а постхумно му е доделена наградата „Климент Охридски“.

РИСТО ШИШКОВ (1940-1986)РИСТО ШИШКОВ (1940-1986)

Истакнат македонски филмски и театарски глумец, дипломец на Театарската академија во Белград, на отсекот за глума. По двегодишната работа во Југословенскиот драмски театар во Белград, тој се преселил во Скопје и во 1964 година станал член на Драмата на Македонскиот народен театар. Играл во 54 театарски претстави, снимил 11 филма (во дванаесеттиот, „Води“, неговата улога била преснимена), пет телевизиски драми и три телевизиски серии, како и повеќе радиодрами. Добитник бил на една театарска награда на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1977 година) за улогата во претставата „Крчма под зеленото дрво“. Во 1979 бил обвинет најверојатно за навреда на српски и хрватски артисти и за навреда на Тито поради што следната година бил затворен. Во негова чест од 1992 година во Струмица се одржува Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“.

ПЕТТЕ СТРУМИЧКИ СТУДЕНТИ ПЕТТЕ СТРУМИЧКИ СТУДЕНТИ

Неколкумина млади луѓе обвиткани со идејата за независна македонска држава делеле летоци со содржина „автономна Македонија“ поради што во 1951 година без да биде спроведена судска постапка и без пресуда биле стрелани на планината Беласица. Ѓорги Јармов (22), Мирко Пецев (23), Борис Делев (22), Ѓорги Костуранов (19), Стефан Топчев (19)

ВЛАДИМИР ПОЛЕЖИНОСКИ - ПОЛЕЖИНА (1913-1980)

Бил правник, доктор на пнаравни науки на Сорбона, првоборец и носител на Партизанска споменица од 1941 година. Тој бил еден од секретарите на АСНОМ и еден од творците на асномските документи. Во 1932 година се запишал на Правниот факултет во Париз, каде што со успех ги завршил студиите, а потоа одбранил и докторат на универзитетот Сорбона во март 1939 година на тема „Фондови за изедначување на девизните курсеви". За време на студиите во Париз целосно се вклучил во студентското демократско движење, а во 1937 година станал и секретар на студентското друштво во Париз. По враќањето во Југославија, во 1941 година, тој се вклучил во рамките на КПЈ за подоцна да биде назначен за секретар на кичевскиот комитет. Фатен и затворен од страна на италијанските окупаторски сили тој во 1943 година бил пренесен во концентрациониот затвор Порто Романо во Албанија. Во затворот останал сè до капитулацијата на фашистичка Италија во 1943 година. По враќањето во Кичево, се вклучил во Народноослободителното движење во првоослободениот град Кичево во НОВ. Неговата дејност значела и негово повлекување во Главниот штаб на НОВ и ПОМ.Во 1944 година тој работел на подготовките за АСНОМ, заедно со Методија Андонов - Ченто, Киро Глигоров, Михајло Апостолски и многу други раководители и членови на ГШ. На Првото заседание на АСНОМ бил избран во неговиот Президиум, како негов втор секретар. Во 1951 година за време на судирот на КПЈ со Информбирото, без судски процес, Полежиноски бил затворен и однесен на Голи Оток од каде бил ослободен во 1954 година.

ВЕНКО МАРКОВСКИ (1915-1988)

Македонски поет, дипломец на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ на отсекот Славјанска филологија во Софија, академик на БАН, драмски писател и еден од основоположниците на современата македонска литература. Пред Втората светска војна бил член на Македонската литературна група формирана во Скопје во 1931 година, а во периодот од 1932 до 1934 година бил член и еден од основачите на Македонска омладинска револуционерна организација (МОРО), подоцна во периодот од 1938-1941 бил член на Македонскиот литературен кружок во Софија. Во 1938 година ги објавил стихозбирките „Народни бигори“ и „Огинот“ кои се сметаат за први напишани на македонски јазик. Во периодот од 1941-1942 година отслужувал затворска казна во Гонда Вода и Ениќоj . Во текот на Втората светска војна бил учесник во НОБ и член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, делегат на Второто заседание на АВНОЈ, а потоа и член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и делегат на Првото заседание на АСНОМ. Во периодот од 1944-1945 година активно учествувал во работата на трите комисии за кодификација на македонскиот литературен јазик. Во 1948 година ја поддржал Резолуцијата на Информбирото поради што бил затворен, а во 1956 година под за поемата „Современи парадокси“ каде го критикувал титовиот режим бил осуден на петгодишна затворска казна на Голи Оток. Ослободен во 1965 година заминал во Бугарија каде и останал до крајот на својот живот.

ПАНКО БРАШНАРОВ (1883 -1951)ПАНКО БРАШНАРОВ (1883 -1951)

Учител, револуционер и деец во ВМРО-Гоцева, член на НФП за време на Младотурската револуција, социјалист по убедување, член на КПЈ и основач и организатор на ВМРО (Обединета) во Вардарскиот дел на Македонија, доследен следбеник на идеите на Илинден и најстар делегат на Првото заседание на АСНОМ. Со изборот на членството на Президиумот на АСНОМ, Брашнаров бил избран, подоцна и реизбран за негов потпретседател, повереник на Поверенството за информации при Президиумот на АСНОМ и негов член до 1950 година. Истата година бил уапсен како поддржувач на Информбирото застапувајќи го стојалиштето дека македонското прашање за обединување на македонскиот народ било неправилно поставено и решено од страна на ЦК на КПЈ. Во 1951 година по повеќемесечни иследувања бил однесен на Голи Оток каде набрзо по пристигнувањето таму починал.

ПЕТРЕ ПИРУЗЕ – МАЈСКИ (1907-1980)ПЕТРЕ ПИРУЗЕ – МАЈСКИ (1907-1980)

Адвокат, припадник на комунистичкото движење во периодот меѓу двете светски војни, а од 1941 година бил избран за член на КПЈ и прв секретар на КП во Охрид. Како учесник во антифашистичката борба особено активно дејствувал во подготовките за НОБ и во создавањето на народноослободителните партизански одреди. Во текот на Војната раководел со НОБ во Западна Македонија како командант на Втората оперативна зона и како бестрашен борец бил опеан од народот. Тој бил избран за член на ГШ на НОВ и ПОМ, а учествувал и како делегат на Второто заседание на АВНОЈ. Подоцна бил избран а член на ИО за свикување на Првото заседание на АСНОМ, за делегат на Првото заседание на АСНОМ и за член на неговиот Президиум. Пирузе бил првиот повереник- министер за правосудтсво на македонската држава. По војната бил повикан во Белград каде бил назначен за судија во сојузниот врховен суд на Југославија, а во 1947 година му било одземено одликувањето „Партизанска споменица 1941“. Во 1950 година без обвинение и без некаков административно-казнен или правосуден акт бил затворен и испратен на Голи Оток каде отслужувал затворска казна до 1954 година кога бил ослободен.